Украинската воздушна одбрана собори 15 руски крстаречки ракети

Сподели со своите пријатели

Украинската воздушна одбрана собори 15 руски крстаречки ракети кои беа лансирани кон Киев синоќа, јави Би-Би-Си, повикувајќи се на официјални извори.

Украинскиот воен претставник Сергиј Попко изјави дека нема извештаи за жртви во нападот.

Тој рече дека верува оти проектилите биле истрелани од четири бомбардери кои летале од регионот на Каспиското Море.

Новите ракетни напади беа неколку часа пред прославата на Денот на победата во Русија, во знак на сеќавање на поразот на нацистичка Германија во 1945 година.

Додека Русија се подготвува за настанот на денот, воената парада, во Москва владее нервоза, јавува Би-Би-Си.

Серија експлозии, напади со беспилотни летала и саботажи ја потресоа Русија во текот на изминатата недела, вклучително и наводен напад со беспилотни летала врз Кремљ.

Москва ја обвини Украина за нападот, но Киев негираше каква било вмешаност.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.