Руските војници гранатираа 41 населба во регионите Доњецк и Луганск во последните 24 часа, при што загинаа шест лица, а 12 беа повредени, соопшти украинската армија.
Во нападите беа уништени и оштетени 52 катни згради, приватни станбени згради и други цивилни објекти – општообразовно училиште, културен дом, здравствени установи, зграда на рекреативен центар, железница, помошни згради, гаражи, автомобили.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека е во тек „најбруталната офанзива на руските војници на исток“.

