Постар Украинец се самозапалил денеска како демонстрација пред украинскиот конзулат во Краков, Полска, викајќи на сонародниците во редот пред зградата да се вратат во татковината и да се борат против Русија, јавија полските медиуми.
„Околу осум часот наутро, 63-годишен маж стоел во ред пред украинскиот конзулат во Краков, кога одеднаш почнал да вика нешто на украински. Во еден момент извадил тегла со запалива течност, се полил врз неа, ја запалил и почнал да бега“, изјавил за полската телевизија Полсат, портпаролот на полицијата во Краков, Пјотр Шпиех.ж
Полицаец од блиската патрола успеал со помош на случаен минувач да го изгасне пожарот на оделото на Украинецот, а брзата помош го пренела во болница каде лекарите процениле дека е во тешка состојба поради изгореници и дека неговиот животот бил во опасност, јави полското радио RMF FM.
Според податоците на полската гранична стража, од нападот на Русија врз Украина на 24 февруари 2022 година, 11 милиони украински бегалци ја преминале полската граница, додека 9,35 милиони се вратиле во земјата преку Полска.
Според податоците доставени од Полска до УНХЦР, 1,5 милиони украински воени бегалци, главно жени и деца, добиле привремено засолниште и државна помош во Полска.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.