Украинците убедени дека ќе го искористат заморот на Русите, Зеленски го посети Бахмут

Сподели со своите пријатели

Војната во источна Украина, во градот Бахмут, веќе подолго време е зафатена со жестоки борби и е една од главните воени цели на Владимир Путин.

Loading...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во средата одлучи да го посети Бахмут како одговор на руските напади врз градовите и цивилите.

Русите веќе неколку пати бомбардираа цивили, а во средата беше бомбардирана и станбена зграда во Запорожје.

Во нападот загина едно лице, а 25 се повредени, јавува Би-би-си.

На снимката се гледа Зеленски во стар индустриски магацин каде ги одликува своите војници кои се на линијата на фронтот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ОН тврдат: Руските напади врз украинската енергетска мрежа го прекршуваат хуманитарното право

„Чест е да се биде овде денес, да се ракуваме и да ги почитуваме нашите херои од истокот на Украина“, рече Зеленски.

Иако експертите ја оспоруваат стратешката важност на самиот град Бахмут, Москва би сакала да објави воена победа, по неколкуте неуспеси минатото лето и есента, но Украинците не се убедени во нивниот успех поради големите загуби што ги трпат секојдневно.

Олександар Сирскиј, командант на украинските копнени сили, е убеден дека заморот и големите загуби ќе ги чинат Русите.

Loading...

„Ќе ја искористиме оваа можност многу брзо, како што направивме во минатото во близина на Киев, Харков, Балакља и Купјанск“, рече Сирскиј.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Столтенберг: НАТО нема да биде вовлечен во војна!

 

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.