Украинците објавија снимка: „Ослободивме град на југот“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Припадниците на извидувачкиот баталјон на украинската армија објавија видео за кое тврдат дека е снимено во Снихуривка, Миколаевската област, јужна Украина.

Loading...

Ако видеото е автентично, тоа е првиот официјален доказ дека Украина навистина го ослободила тој град од руската окупација.

„Денеска, 10.11.2022 година, од силите на извидувачкиот баталјон беше ослободена населбата Снихуривка. Слава на Украина!“, стои во соопштението.

Во меѓувреме, Виталиј Ким, гувернер на Миколаевската област во јужна Украина, објави дека е на сила тревога за воздушна закана низ целиот регион.

Засега нема информации за можни руски воздушни напади.

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Подољак: Залужни за неколку недели би можел да стане амбасадор во Лондон

 

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.