Украинските трупи напредуваа 1,5 километар длабоко во територијата окупирана од Русите во правец на Мелитопол, а украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обиколи линијата на фронтот во близина на окупираниот град Бахмут.
„Како резултат на систематски притисок, одбранбените сили во правец на Таврија беа успешни и напредуваа 1,5 километар длабоко во окупираната територија во правец на Мелитопол“, изјави портпаролот на одбранбените сили во правец на Таврија Валериј Шершен.
Претседателот Зеленски вчера ја посети линијата на фронтот кај окупираниот град Бахмут за да им додели одликувања на војниците, соопштија од неговиот кабинет.
„Внимавајте. Ако ги спасите своите животи, ќе ја спасите Украина“, им рекол претседателот на војниците.
Командантот на украинските копнени сили Олександар Сирски го информирал Зеленски за ситуацијата на фронтот.
Генералот претходно објави дека руските трупи биле потиснати зад каналот југозападно од Бахмут.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.