Украинци фатија руски агент на дело како поставува експлозиви во станбена зграда

Сподели со своите пријатели

Безбедносната служба на Украина (СБУ) уапси руски агент при поставување експлозиви во станбена зграда во западниот град Ривне, објави агенцијата.

Loading...

Според СБУ, руските тајни служби регрутирале 27-годишен жител на Лавов, кој бил привлечен од понуда за „лесни пари“ објавена на Телеграм.

Неговата задача била да постави импровизирана експлозивна направа во изнајмен стан во центарот на Ривне.

Целта била да предизвика силна експлозија со далечинско активирање, што би предизвикало цивилни жртви и повреди и би ширела паника низ целиот регион, објави СБУ.

Се соочува со казна затвор до 12 години

Осомничениот е уапсен и моментално е во притвор.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лавров се сретна со Си во Пекинг: Разговараа и за Украина и САД

Тој е обвинет за неколку сериозни кривични дела според Кривичниот законик на Украина, вклучително и помагање во подготовка на терористички акт и нелегално ракување со експлозиви.

Доколку биде осуден, се соочува со казна затвор до 12 години и конфискација на имот.

СБУ забележува дека ова не е изолиран случај и дека тие редовно ги спречуваат дејствијата на руските агенти и терористичките заговори насочени против воени и цивилни цели.

Loading...

Според нивните податоци, Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) најчесто ги таргетира невработените лица, лицата со криминално минато или зависниците од дрога при регрутирање.