Украина за руското знаме во Бахмут: Тој град е наш, ништо не презеле

Сподели со своите пријатели

Украина денеска објави дека руските сили се „многу далеку“ од освојување на градот Бахмут и дека борбите се водат околу зградата на градската управа каде платеничката група Вагнер, како што тврди Пригожин, го подигнала руското знаме.

Loading...

„Бахмут е украински и ништо не заробиле. Тие се многу далеку од тоа, благо кажано“, изјави за Ројтерс Серхи Черевати, портпарол на Источната воена команда на Украина.

Да потсетиме, основачот на руската платеничка воена компанија Вагнер, Евгениј Пригожин во видео порака објавена на неговиот канал Телеграм објави дека неговите војници го подигнале руското знаме на административната зграда во украинскиот град Бахмут.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Силни руски напади низ Харков и Киев: Се појави стравична видео-снимка од напад со дронови (ВИДЕО)

„Од правен аспект Бахмут е земен“

Руските сили очајнички се обидуваат да го освојат Бахмут од јули минатата година, а предничат трупите на Вагнер, главно составени од затвореници кои беа ослободени од руските затвори во замена за борбите во Украина.

„Од правна гледна точка, Бахмут е окупиран. Непријателот е концентриран во западните делови“, рече Пригожин во видеото на кое е прикажан ноќе, со шлем на главата и руско знаме во рацете.

Тој тврди дека на знамето пишува „во спомен на Владимир Татарски“, руски воен блогер и пропагандист кој го поддржува Кремљ, кој синоќа беше убиен од бомба во Санкт Петербург.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина тврди дека го нападнала аеродромот Борисоглебск во Русија

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.