Украина: Тешки борби се водат на првите линии

Сподели со своите пријатели

Врховната воена команда на Украина соопшти дека нејзините сили биле вклучени во тешки борби на првите линии, еден ден откако Киев објави дека ги постигнал првите скромни успеси во враќањето на територијата од Русија како дел од нејзината контраофанзива.

Украинци: Напредуваме кон селата

Околу 25 битки се случиле во текот на изминатиот ден во близина на источниот град Бахмут, а на југ кај Авдиивка и Маринка, сите во регионот на Доњецк, но и кај Билохоривка во областа Луганск, соопшти Главниот штаб на украинските вооружени сили.

Украина објави дека нејзините трупи напредуваат кон три села во Доњецк: Благодатне, Нескучна и Макаривка.

Тврдењата не можеа да бидат независно проверени, а руските власти веднаш не коментираа.

Некои истакнати руски воени блогери изјавија дека се водат борби за Макаривка додека украинските сили ги окупирале Благодтне и Нескучне.

Двете страни рекоа дека нивните сили им нанеле големи загуби во жива сила и опрема на нивните противници во текот на изминатата недела, додека украинската контраофанзива почна да се обликува.

Рускиот претседател Владимир Путин во петокот изјави дека Украина не успеала да ја пробие руската одбрана, додека неговото Министерство за одбрана соопшти дека уништило неколку главни борбени тенкови Леопард и друга опрема што Украина ја добила од Запад.

Додека главно молчеше за нејзината контраофанзива минатата недела, украинската армија известува за секојдневни успеси на бојното поле.

„Во текот на изминатата недела во правец на Бахмут руските окупатори претрпеа значителни загуби“, соопшти денеска Генералштабот.

Зеленски повикува на испраќање борбени авиони

Гувернерот на областа Доњецк вчера соопшти дека еден цивил загинал, а двајца се ранети од руски оган во областа Авдиивка.

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников изјави дека Киев сака да разговара за деталите за авијациската коалиција со своите сојузници на следниот состанок на украинската Контакт група за одбрана на 15 јуни во Брисел.

Зеленски долго време повикува на распоредување на борбени авиони Ф-16 од американско производство, велејќи дека нивното купување со украински пилоти ќе биде сигурен сигнал до светот дека руската инвазија ќе заврши со пораз.

„Во оваа фаза станува збор за обука на пилоти, наши техничари и инженери“, рече Резников.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.