Војската на Украина соопшти дека спасила и потоа заробила пет руски војници кои се давеле во областите поплавени по уривањето на браната Каховка.
Таа објави и видео на кое се гледа како украинските специјални сили спасуваат непријателски војници во чамци.
„Украинска правда“ пишува дека чамецот со заробените Руси подоцна бил стрелан од руските сили, но немало повредени.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

