Украина собори 14 дронови лансирани од Русија во текот на ноќта

Сподели со своите пријатели

Украинската противвоздушна одбрана ги собори сите 14 дронови лансирани од руските сили во напад во текот на ноќта, соопштија властите во Киев.

Loading...

Украинската армија прецизираше дека нападот врз централните, југоисточните и западните региони на Украина траел од 20 часот синоќа до 3 часот рано утринава, пренесува Ројтерс.

Засега нема извештаи за евентуални жртви или поголема материјална штета.

Беше објавено дека руската армија лансирала ракета Х-22 во областа Запорожје на југоистокот на Украина, но дека проектилот не успеал да ја погоди целта и паднал во поле, наведува британската агенција.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.