Украина сака да извезува жито преку Дунав

Сподели со своите пријатели

Украина бара отстранување на бирократските пречки и соработка со другите земји на Дунав за да се извезува жито во Европската унија преку таа река, бидејќи Русија ја спречи да извезува преку пристаништата на Црното Море.

Loading...

Украина, еден од најголемите светски извозници на жито и сончогледово масло, постигна договор со Русија во јули за слободен премин на земјоделски производи од блокираните пристаништа.

Во саботата Русија објави дека се повлекува од договорот поради нападот на украинската армија врз нејзините бродови на Крим, каде што е укотвена руската морнарица.

Ихор Корхови, заменик-министер за регионален развој на Украина, рече дека неколку украински пристаништа веќе биле оневозможени за извоз на жито дури и пред повлекувањето на Русија од договорот.

„Големите извозни пристаништа како Мариупол или Херсон се окупирани, а пристаништето во Миколаев не работи од безбедносни причини. Значи, четири или пет пристаништа се надвор од употреба“, рече Корховиј во интервју за Хина.

„Тие пристаништа беа главен сообраќаен коридор за извоз на жито и челик, така што капацитетот на овие што ги имаме сега е недоволен“, рече Корховиј, кој неодамна учествуваше на форумот на 14 дунавски земји во Кошице.

Во јули, со посредство на Турција и ОН, беше постигнат договор за извоз на украинско жито од црноморските пристаништа блокирани од Русија по инвазијата на 24 февруари. По договорот беа извезени повеќе од шест милиони тони жито.

Договорот требаше да биде продолжен следниот месец. Русија пред десет дена рече дека договорот ќе зависи од тоа дали Западот ќе ги олабави санкциите против Москва.

Loading...

Меѓутоа, во последните недели ЕУ побара и Србија да воведе санкции кон Русија, на што таа се противи.

„Кога се зема предвид терористичкиот напад на режимот во Киев врз бродовите на Црноморската флота и цивилните бродови што ја обезбедуваа безбедноста на „житниот коридор“, руската страна го суспендира своето учество во спроведувањето на договорот за извоз на земјоделски производи од украинските пристаништа“, соопшти руското Министерство за одбрана.

ОН предупредуваат дека продолжувањето на договорот за извоз на жито од пристаништата на Црното Море е од витално значење за спречување на глобалната криза со храна, продлабочена со војната во Украина.

Во 2019 година, Украина извезла 16 отсто од светските резерви на пченка и 42 отсто од сончогледово масло, според ОН.

Русија е исто така еден од водечките светски извозници на жито и вештачки ѓубрива. Падот на испораките ги зголеми цените на храната.

Од мај, Украина се обидува да транспортира жито преку алтернативен пат, возводно од Дунав, што станува важна рута поради моменталната ситуација.

„Украинските пристаништа на Дунав, во регионот Одеса, користат специјални бродови за речниот сообраќај. Тесно соработуваме со романската влада во однос на користењето на нивните пристаништа“, вели Корховиј.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...