Руските сили изминатиот ден неуспешно започнаа напади во регионите Харков и Доњецк, но украинските сили ги задржаа, соопшти утрово Генералштабот на вооружените сили на Украина.
На правецот Бахмут и во областа Авдеевка, руските сили спроведоа неуспешни офанзивни операции и извршија воздушни напади, пренесува Униан.
Украинскиот Генералштаб тврди дека не биле успешни ниту руските напади во правец на Маринка и Купјанск.
Во исто време, одбранбените сили на Украина продолжуваат да вршат офанзивни операции во правец на Мелитопол и Бердјанск и да ги консолидираат позициите, истакнуваат од Генералштабот на украинската армија.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.