Украина: Руската истрага за експлозијата на мостот е глупост

Сподели со своите пријатели

Високиот украински функционер Андриј Јусов денеска ја нарече бесмислена руската истрага за експлозијата минатиот викенд, која го оштети мостот што ја поврзува Русија со полуостровот Крим, објави „Гардијан“.

Loading...

Рускиот претседател Владимир Путин ги обвини украинските специјални служби за експлозијата, а претходно денеска руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) објави дека поради експлозијата привела пет руски државјани, како и тројца државјани на Украина и Ерменија.

„Целата оваа активност на ФСБ и рускиот истражен комитет е бесмислица“, изјави Јусов, портпаролот на Министерството за полиција на Украина, за јавниот сервис „Сасплин“.

Ројтерс пренесува дека Јусов ги опиша ФСБ и Истражниот комитет како „лажни структури кои му служат на режимот на Путин“ и додаде дека повеќе нема да ги коментира нивните идни изјави.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Виктор Медведчук го пријавил во белгиското обвинителство обидот на Зеленски да го поткупи Фицо

Рускиот претседател Владимир Путин на 9 октомври изјави дека експлозијата на клучниот мост што го поврзува Крим со Русија е терористички чин, планиран од украинските специјални служби.

Три лица загинаа на мостот.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.