Украина: Русите со дронови нападнаа енергетски објекти во Суми

Сподели со своите пријатели

Руски беспилотни летала нападнаа енергетски објекти во Суми во североисточна Украина, соопштија утринава регионалните власти.

Loading...

Според прелиминарните информации, никој не е повреден во нападот во тој украински град, се наведува во соопштението објавено на Телеграм, во кое се додава дека во регионот е активирана противвоздушната одбрана и дека во Суми одекнале неколку експлозии, пренесува Укринформ.

Регионалните власти објавија дека противвоздушната одбрана соборила 16 беспилотни летала над регионот Сумка за време на ноќниот напад.

Локалните власти вчера соопштија дека Русија истрелала проектили врз енергетската инфраструктура во Суми, откако во текот на ноќта напад со беспилотно летало во регионот ја прекина струјата во некои области и ги принуди властите да користат резервни системи за напојување.

Украинското Министерство за енергетика соопшти дека вчерашните руски напади предизвикале пожар во трафостаница во регионот Суми и ја исклучиле електричната енергија на повеќе од 281.000 потрошувачи.

Електричната енергија подоцна била делумно обновена.