Украина: Русите скапо го плаќаат успехот во Бахмут

Сподели со своите пријатели

Украина денеска објави дека руските сили ги концентрираат сите свои напори за заземање на Бахмут, град во источниот регион Доњецк кој го напаѓаат од јули минатата година.

Loading...

Украинците ја опишуваат ситуацијата како „тешка“, но нагласуваат дека градот сѐ уште се брани и покрај руската нумеричка супериорност.

Серхиј Череваџи, портпарол на Источната воена команда Исток, рече дека „Украина ја контролира ситуацијата во Бахмут и ги разбира руските намери“.

Тој додаде дека руските сили „постигнале тактички успех на неколку локации“ и дека за тој успех „плаќаат висока цена“.

„Сите одлуки се носат со цел да не се дозволи непријателот да ја пробие нашата одбрана, да му нанесе максимална штета и да заштеди жива сила“, рече тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рјабков: Преговорите со Америка не се неопходни по секоја цена

Британско разузнавање: Русите влегле во центарот на градот

Претходно денеска, да потсетиме, британското Министерство за одбрана во дневниот извештај на своите разузнавачи објави дека „многу е веројатно руските сили да влегле во центарот на Бахмут и да го окупирале западниот брег на реката Бахмутка“, додавајќи дека „ клучниот украински пат за снабдување на запад од градот е сериозно загрозен“.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.