Украина: Русите поставија воена опрема на покривот на нуклеарната централа

Сподели со своите пријатели

Украинското воено разузнавање вечерва соопшти дека руските сили поставиле воена опрема на покривот на нуклеарната централа Запорожје.

Како што пренесува Киев Индипендент, повикувајќи се на одделот за разузнавање на украинското Министерство за одбрана, Русите поставиле воена опрема на покривот на најголемата нуклеарна централа во Европа со цел да се спротивстават на украинските воздушни извидувања.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Градоначалникот на Одеса бара забрана за руска музика во клубови и јавни простори

Да потсетиме дека руските сили ја окупираа нуклеарната централа Запорожје во првите недели од војната.

Украина и Русија постојано се обвинуваат меѓусебно за гранатирање на таа област.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.