Украинското воено воздухопловство соопшти дека руските сили лансирале 30 проектили и дронови синоќа од 21 часот до 5 часот и 30 минути по локално време утринава.
Како што наведуваат во соопштението објавено на социјалните мрежи, Русите извршиле нов воздушен напад врз Киев и други украински градови:
Украинските воздухопловни сили тврдат дека противвоздушната одбрана ги соборила сите проектили Kh-101/Kh-555, освен една, што погодила индустриски капацитет во градот Одеса, при што загинало едно лице, а две се повредени.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

