Украина: Русите го уништија факултетот во Харков

Сподели со своите пријатели

Педагошкиот факултет во североисточниот украински град Харков е уништен во вчерашниот руски напад, изјави претседателот Володимир Зеленски.

Loading...

Главната зграда, предавалните, универзитетскиот музеј и научната библиотека беа погодени, рече Зеленски во своето видео обраќање.

„Тоа ја карактеризира руската инвазија со 100 проценти точност. Кога станува збор за дефиницијата за варварство, овој напад најдобро го илустрира тоа“, рече Зеленски.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Жестоки ракетни напади на Одеса и Суми