Украина: Русија собра 100.000 војници на истокот

Сподели со своите пријатели

Русија собра повеќе од 100.000 војници во правец на Купјанск и Лиман на фронтот во регионите Харков и Луганск, изјави Илија Џевлаш, прес-офицер на Источната група на вооружените сили на Украина.

Loading...

Тој наведува дека руските сили во таа област значително го зголемиле обемот на гранатирање и воздушни напади врз украинските позиции.

Тој додаде дека 45.000 војници биле ангажирани за напади кон Купјанск, а 48.000 за напади во правец на Лиман.

Двата града беа окупирани од руските сили пред да бидат ослободени минатата година.

Во последните месеци Русија го зголеми притисокот на овој дел од фронтот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русите имаат два големи проблеми во Курск (ВИДЕО)

Војниците во близина на Купјанск кои разговараа за Киев Индипендент потврдија дека Русија ја интензивира офанзивата во областа.

Британската разузнавачка служба објави дека украинските контраофанзиви на југ и околу Бахмут ги притискаат руските сили таму, но дека Русите се уште напредуваат околу Купјанск и Лиман.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...