Украина: Русија истрела 33 ракети врз цивилни цели во Херсон

Сподели со своите пријатели

Генералштабот на вооружените сили на Украина соопшти дека руските сили истрелале 33 ракети врз цивилни цели во украинскиот град Херсон во последните 24 часа.

Loading...

Во својот утрински извештај тие наведуваат дека руските сили со минофрлачи и артилерија ги напаѓаат населените места на десниот брег на реката Днепар во близина на Херсон, пренесува Ројтерс.

Русија негира дека гаѓала цивилни цели во нејзините напади. Ројтерс не можеше независно да ги потврди овие извештаи.

Најтешките борби се уште се водат околу источниот град Бахмут, кој Русија се обидува да го освои со месеци, како и на север во градовите Сватов и Кремин, каде Украина се обидува да ги пробие руските одбранбени линии.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.