Украина: Протерани сме од центарот на Северодонецк, борбите продолжуваат

Сподели со своите пријатели

Руските сили ја протераа украинската армија од центарот на Северодонецк, клучен град во источна Украина, околу кој две армии се борат со недели, соопшти денеска Генералштабот на украинската армија.

Loading...

„Со артилериска поддршка, непријателот го нападна Северодонецк, постигна делумен успех и ги потисна нашите единици од центарот на градот. Непријателствата продолжуваат“, објави Генералштабот на Фејсбук.

Руската армија моментално се обидува да го освои целиот Донбас, рударски басен во источна Украина, кој е делумно во рацете на проруските сепаратисти од 2014 година.