Украина побара прекин на огнот, повлекување на руските сили и безбедносни гаранции

Сподели со своите пријатели

Во преговорите со Русија, Украина побара прекин на огнот, повлекување на руските сили и правни гаранции за безбедност од неколку земји, изјави советникот на украинскиот претседател Михаил Подољак.

По вчерашната рунда украинско-руски преговори преку видео врска, Подољак на Твитер објави дека „тоа е можно само преку директен дијалог“ меѓу претседателите на Украина и Русија, Володимир Зеленски и Владимир Путин.

 

Јапонија: Забележани се четири руски бродови кои пловат на запад

 

Неименуван функционер од канцеларијата на Зеленски изјави за АП дека главна тема за која се разговарало е дали руските трупи ќе останат во сепаратистичките региони во источна Украина по војната и каде ќе бидат границите.

Официјалниот претставник, кој побарал анонимност, рече дека Украина инсистира на вклучување на една или повеќе западни нуклеарни сили во преговорите, како и на потпишување на правно обврзувачки документ со безбедносни гаранции за Украина.

 

Јапонија: Забележани се четири руски бродови кои пловат на запад

 

За возврат, рече официјалниот претставник, Украина е подготвена да разговара за неутрален статус.

Русија бара НАТО да вети дека никогаш нема да ја прифати Украина во Алијансата или да распореди свои сили во таа земја.