Експлозии се случиле синоќа во областа Харков во Украина по најавата за воздушна опасност во повеќе делови од земјата, јавија украинските медиуми.
Во Киев доцна синоќа е активирана противвоздушна одбрана, а детонациите се случиле во областа Харков, објави информативниот портал „Клименко тајм“, а пренесе „Спутник“.
Вчера медиумите објавија за експлозии во регионите на Киев, Харков, Днепропетровск и Лавов.
Украинскиот министер за енергетика Герман Галушенко изјави дека термоцентралите и хидроцентралите и високонапонската инфраструктура се оштетени во шест региони.
Воената администрација на регионот Киев вчера соопшти дека постои опасност од напади со руски беспилотни летала врз регионот.
Во исто време, проруските сили објавија дека најмалку едно лице загинало во украинското гранатирање на Мелитопол, во областа Запорожје.
Членот на регионалната администрација назначен од Москва, Владимир Рогов, рече дека, според прелиминарните податоци, во нападот бил користен повеќецевниот ракетен фрлач HIMARS, кој и бил доставен на Украина од САД.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.