Украина: Од почетокот на рускиот напад, убиени најмалку 461 дете

Сподели со своите пријатели

Канцеларијата на јавниот обвинител на Украина во саботата објави дека најмалку 461 дете биле убиени, а 927 ранети за време на руските напади врз земјата.

Исто така, исчезнати се 349 деца, додаваат од канцеларијата, повикувајќи се на државната полиција, пренесе „Киев Индипендент“.

Се додава дека бројот на загинати деца не е зголемен од 19 февруари, но дека е зголемен бројот на ранети деца поради руските напади.

Киевскиот весник додава дека се претпоставува дека бројот на жртвите е поголем од сегашниот, бидејќи во него не се вклучени податоци од териториите окупирани од Русија или места каде што се водат борби.

Според Канцеларијата на јавниот обвинител, најголем број жртви се регистрирани во регионите Доњецк и Харков.

Украинското обвинителство посочува дека 16.221 дете биле насилно однесени во Русија.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.