Украина наскоро ќе може подобро да го заштити своето небо и градови од руските напади, бидејќи очекува да добие најсовремена воена опрема од САД и Велика Британија, изјави денеска украинскиот амбасадор во Јапонија Серхиј Корсунски.
Loading...
„Тие сѐ уште се супериорни во авијацијата, авионите и ракетите и очекуваме да добиеме најсовремена опрема од САД и Велика Британија за да го заштитиме нашето небо и нашите градови“, рече Корсунски на прес-конференција.
Тој изјави дека кога руските сили истрелуваат крстосувачки ракети од голема далечина, украинските сили не можат да стигнат до местото на лансирање, пренесува Ројтерс.
– Мораме да ги пресретнеме. Затоа ни е потребна оваа современа опрема – изјави Корсунски.