Украина: Некои хуманитарни коридори не функционираат. Ситуацијата е многу тешка

Сподели со своите пријатели

Заменик-министерот за здравство на Украина Олексиј Јаременко утрово за Скај зборуваше за тешката хуманитарна ситуација во Украина.

Loading...

Тој рече дека руските сили продолжуваат да таргетираат станбени области, болници и згради низ Украина.

 

Мариупол: Градот е затворен за влез, опасно е да се излезе

 

„Во некои региони хуманитарните коридори не функционираат. Не можеме да носиме лекови, вода и храна во градовите, особено Мариупол и Чернихив“, рече Јаременко.

„Ситуацијата е многу тешка. Навистина треба да отвориме хуманитарен коридор за да им донесеме лекови на луѓето во болниците. Јаременко рече и дека Украина досега добила повеќе од 2.600 тони лекови и медицинска опрема. Сепак, тој истакна дека им треба повеќе.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ФСБ уапси маж од Крим под сомнение дека планирал терористички напад

 

Loading...

Британија: Русија ги повлекува своите сили од Грузија и ги подготвува за Украина

 

Конкретно за Мариупол рече дека последните 36 дена не можеле да достават лекови до тој пристанишен град.

„Всушност, немаме јасна слика колку е тешка хуманитарната криза таму, но таа беше критична во последните неколку недели“, заклучи украинскиот заменик министер.