Украина: Најмалку 107 деца загинаа, а повеќе од 120 се повредени

Сподели со своите пријатели

Најмалку 107 деца се убиени, а повеќе од 120 се повредени откако Русија ја нападна Украина, соопшти главното обвинителство на Украина.

Најмногу смртни случаи се регистрирани во Киев, Харков, Доњецк, Чернихив, Суми, Керсон, Миколаев и Житомир.

 

Јапонија: Забележани се четири руски бродови кои пловат на запад

 

Се наведува дека во гранатирањето биле оштетени повеќе од 410 образовни институции, од кои 63 се целосно уништени. Најмалку 11 болници се гранатирани, додаваат тие.