Украина најави одмазда за руските ракетни напади

Сподели со своите пријатели

Во ракетирањето на Киев утринава загинаа најмалку пет лица, 12 се ранети и погодени се згради, меѓу кои и некои кои се дел од „клучната инфраструктура“ на главниот град на Украина, соопштија полицијата и градоначалникот на Киев.

Loading...

Меѓу местата погодени од проектили во главниот град е и детско игралиште, објави на својот канал Телеграм советникот на Министерството за внатрешни работи Антон Герашченко.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека се обидува да ја избрише неговата земја „од лицето на земјата“.

Украина најави одмазда

Украинското Министерство за одбрана најави одмазда за руските ракетни напади што ги погодија градовите низ Украина во понеделник наутро.

„Има жртви и разурнувања“, објави Министерството на својата Фејсбук страница.

„Непријателот ќе биде казнет за болката и смртта нанесена на нашата земја! Ќе се одмаздиме!“

Висок украински функционер изјави дека руските ракетни напади во понеделникот врз градовите ширум Украина биле сигнал до цивилизираниот свет дека „руското прашање“ мора да се реши со сила.

„Кукавици кои се борат против игралиштата, децата и луѓето“, напиша Андриј Јермак, шеф на кабинетот на претседателот, непосредно пред новите експлозии да го потресат главниот град по ракетните напади претходно во понеделникот.

Loading...

„Путин е терорист кој зборува со проектили“

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека руските ракетни напади во понеделникот низ Украина покажале дека претседателот Владимир Путин е „терорист кој разговара со проектили“.

„Повеќе руски ракетни напади врз Украина. Единствената тактика на Путин е теророт против мирните украински градови, но тој нема да ја скрши Украина. Ова е неговиот одговор на попустливите кои сакаат да разговараат со него за мир: Путин е терорист кој зборува со проектили, “ напиша Кулеба на Твитер.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.