Украина на посебна веб-страница објавува имиња и фотографии од загинати и заробени Руси

Сподели со своите пријатели

Украина отвори веб-страница за загинатите руски војници за да можат нивните семејства да ја дознаат нивната судбина.

Loading...

На страницата „200rf.com“ можете да најдете фотографии и воени документи на руски војници за кои се претпоставува дека загинале од почетокот на руската инвазија пред четири дена.

На таа страница има и снимки од заробени руски војници, со нивните имиња и места и градови од кои доаѓаат.

„Знам дека многу Руси се загрижени и сакаат да знаат што се случило со нивните синови, браќа, сопруги“, изјави Виктор Андросив, советник на министерот за внатрешни работи на Украина.

Киев тврди дека за четири дена украинската армија убила повеќе од 4.300 руски војници и заробила над 200.