Украина ја обвинува Русија за блокирање на испораките на дизел

Сподели со своите пријатели

Украинската државна компанија за нуклеарна енергија „Енергоатом“ денеска објави дека возилата што носат дизел гориво не смеат да се приближуваат до нуклеарната централа Запорожје и ја обвини Русија дека го блокира преминот, пренесува Ројтерс.

Loading...

Во соопштението на компанијата се наведува дека Енергоатом испратил дизел гориво во електраната Запорожје, која повторно остана без струја, но дека од 10 часот руската страна не дозволува да помине колоната возила.

Енергоатом објави и дека имало ракетен напад врз електраната од страна на руската војска, но како што пренесува Ројтерс, не е утврдено дали оваа информација е точна.

Неодамна реновираниот далновод до електраната Запорожје беше повторно прекинат, принудувајќи ја централата да се префрли на дизел генератори, објави на својот Твитер генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.