Украинскиот суд му ја намали казната на рускиот војник кој во мај беше осуден на доживотен затвор. Тој е првиот член на руските сили осуден за воени злосторства во Украина.
– Жалбата на одбраната е делумно прифатена – се наведува во судското соопштение.
Во соопштението се наведува дека казната му е преиначена од доживотен затвор во 15 години.
Заробениот војник Вадим Шишимарин беше осуден за убиство на Александар Шелипов (62) во североисточното село Чупагивка на 28 февруари.
Тој призна дека пукал во Шелипов, но рече дека дејствувал по наредба и побарал прошка од семејството на жртвата.
Украина истражува многу други наводни воени злосторства.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.