Украина ја бара ветената ПВО, Русите напредуваат во Донбас

Сподели со своите пријатели

Украинските сојузници мора да направат повеќе кога станува збор за испорака на ветените системи за противвоздушна одбрана за заштита на воздушниот простор на Украина од руски напади, изјави вчера во Брисел украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.

Loading...

„Постигнат е добар напредок и објавени се најави, но повторно, некои системи Патриот се најавени и сè уште не се испорачани“, рече Кулеба, зборувајќи заедно со високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел, пред состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ.

Украина користи околу пет системи „патриот“, два испорачани од САД и три од Германија, иако се ветени повеќе, пренесува Танјуг.

Холандската и романската влада неодамна објавија дека работат на понатамошна испорака.

Вашингтон не вети повеќе испораки, но приоритет на Белата куќа е испорака на ракети за противвоздушна одбрана на Украина.

Голем број други земји, како што е Шпанија, ветија ракети „Патриот“.

Чешкиот претседател Петр Павел изјави вчера во Париз дека е сосема легитимно и во согласност со Повелбата на ОН за Украина, како нападната земја, да се користи оружје, вклучително и американски борбени авиони Ф-16, испратени до неа од Западот, на територијата на Русија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Место каде времето застанало: Советски град на Северниот пол стана магнет за туристи (ВИДЕО)

„Доколку сакаме да ѝ помогнеме на Украина против агресија во согласност со член 51 од Повелбата на Обединетите нации и да ѝ помогнеме со материјални испораки, а не со директно учество во борбите, тогаш зависи од Украина како ќе го употреби тоа оружје, изјави Павел на новинарите во Париз.

Loading...

Чешкиот претседател потсети и дека Русија ја започна агресијата и дека Русија постојано гаѓа цели на украинска територија.

„Да не се случеше, Украина немаше да мора да гаѓа цели во Русија“, рече Павел.

Руската армија вчера соопшти дека освоила уште две села во регионите Доњецк и Луганск, на истокот на Украина.

Во дневниот извештај, Министерството за одбрана на Русија објави дека се заробени Николаевка во областа Доњецк и Стелмахивка во областа Луганск, која речиси целосно е под контрола на Москва.

И покрај офанзивата што Киев ја започна на 6 август во руската област Курск, Русија продолжува да ја презема контролата врз територијата во украинската област Доњецк, каде што борбите се во нејзиниот епицентар.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Започнаа вежбите на руската морнарица Океан-2024, учествуваат над 400 бродови и подморници

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека никогаш нема да им нареди на белоруските војници да се борат надвор од земјата.

Тој рече дека белоруските трупи ќе влезат во битка само ако „странските војници дојдат во земјата со лоши намери“.

Украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека е загрижено поради концентрацијата на значителен број на персонал и воена опрема во регионот Гомел во близина на северната граница на Украина.

Loading...

Уште едно апсење на руски воен лидер

Поранешниот заменик-министер за одбрана на Русија, генерал Павел Попов (67) вчера е уапсен за измама, што е последно во серијата апсења на високи воени функционери поради злоупотреба, пренесува АП.

На Попов му се заканува казна затвор до 10 години за деловни активности во „Патриот парк“, изложба на оружје, проект на поранешниот министер за одбрана Сергеј Шојгу за инспирација на помладите генерации.

Како заменик министер за одбрана, Попов бил одговорен за развојот и одржувањето на тој парк, а бил обвинет дека на сметка на паркот го реновирал својот недвижен имот во близина на Москва.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русите тврдат дека украинската офанзива е неуспешна: „Зазедовме уште четири села на исток...“

Светлана Петренко од рускиот истражен комитет рече дека Попов и неговото семејство имаат „многубројни имоти во престижни делови на Москва, Московскиот регион и Краснодарскиот регион“, на југот на Русија, со вкупна вредност од 500 милиони рубљи (4,9 милиони евра ), а истражителите утврдуваат дали е стекнато легално, пренесува Бета.

Во близина на Курск е уништен БОВ од југословенско производство

Во борбите во областа Курск во Русија, беше уништено оклопно борбено возило (БОВ) од југословенско производство, кое Словенија ѝ го подари на украинската армија.

Порталот „Балканска безбедносна мрежа“ објави дека на видеото на социјалните мрежи се гледа дека успеал да се спаси само еден од членовите на екипажот на украинскиот БОВ, кој имал заштита против дрон во вид на метална решетка.

Возилото доаѓа од донацијата што Словенија ја испрати во Украина во април, а во која беа вклучени 26 оклопни транспортери.

Меѓу возилата има 20 парчиња во основната варијанта со митралез „browing“ и шест во противвоздушната верзија BOV-3 со трицевки топ од 20 милиметри, пренесува Бета.

Loading...