Украина има десетина ПВО

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека неговата земја има околу 10 отсто од она што и е потребно за воздушна одбрана и уште еднаш ги прекина дипломатските контакти со Русија.

Loading...

Во видео обраќањето пред Парламентарното собрание на Советот на Европа, тој истакна дека дипломатијата не е можна со лидери кои не го почитуваат меѓународното право.

Зеленски рече и дека Москва мора да биде принудена да го исполни барањето на Меѓународната агенција за атомска енергија и да дозволи демилитаризација на украинската нуклеарна централа во Запорожје, која е под руска контрола.

Украинскиот претседател најави и дека ситуацијата во областите на регионот Харков кои повторно се под контрола на Киев е страшна како во Ирпин и Буча, кои претходно беа ослободени од руските сили.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.