Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека е постигнат „одреден напредок“ во вчерашните преговори во Турција во врска со обновувањето на извозот на украинското жито, пренесе Интерфакс.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, на денешната прес-конференција, коментирајќи ги резултатите од четиристраните преговори, рече дека контактите меѓу Русија, Турција, Украина и Обединетите нации во однос на извозот на украинското жито ќе продолжи, откако ќе се формулираат некои елементи од можните договори, пренесува ТАСС.
Русија, Украина, Турција и Обединетите нации следната недела ќе потпишат договор со цел враќање на извозот на украинското жито во Црното Море, изјави во средата турскиот министер за одбрана Хулуси Акар, пренесе Ројтерс.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека е постигнат „одреден напредок“ на вчерашните преговори во Турција во врска со обновувањето на извозот на украинското жито преку Црното Море, пренесе руската агенција Интерфакс.
„Навистина, правиме значителни напори да го вратиме снабдувањето со храна на глобалниот пазар. Благодарен сум на ОН и Турција за нивните напори“, рече Зеленски во редовното видео обраќање во средата навечер.
Тој изјави дека украинската делегација го информирала дека е постигнат одреден напредок и дека во следните неколку дена ќе разговара за деталите со генералниот секретар на ОН, пренесе руската агенција.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.