Командата на воздухопловните сили на вооружените сили на Украина соопшти дека утринава ги соборила сите 16 дронови камикази и додаде дека леталата дошле од југоисток и север.
Граѓаните на Киев рано утринава беа принудени да се засолнат откако се огласија сирените за воздушен напад, еден ден откако Русија изврши тешки воздушни напади, пренесува Ројтерс.
Нешто по 02:00 часот по локално време, градската управа на Киев објави предупредување на Телеграм за активирање на сирените и ги повика жителите да се засолнат.
Гувернерот на регионот Киев, Олексиј Кулеба, на Телеграм изјави дека руските сили користеле ирански беспилотни летала во нападот, пренесе Униан.
Очевидец за Ројтерс изјави дека слушнал неколку експлозии и противавионски оган на 20 километри јужно од Киев.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.