Украина ги повика жителите на Херсон да се евакуираат во текот на зимата

Сподели со своите пријатели

Украинската влада ги повика граѓаните на Херсон да се евакуираат во побезбедни региони на земјата во текот на зимата.

Loading...

Министерката за реинтеграција на привремено окупираните територии во Владата на Украина, Ирина Верешчук, апелираше до жителите на Херсон, особено до ранливите категории – жени со деца, стари лица, болни и лица со тешкотии во движењето, да се евакуираат за време на зима, пренесува Униан.

„Со оглед на тешката ситуација во градот и проблемите со инфраструктурата, во текот на зимата можете да се евакуирате во побезбедни региони на земјата“, напиша Верешчук на Телеграм.

Таа додаде дека владата нуди бесплатна евакуација на Криви Рих, Миколаив и Одеса, а можна е и понатамошна евакуација во регионите Кироворад и Хмелницки и другите западни региони на Украина, пренесува Танјуг.

Според Верешчук, на внатрешно раселените лица ќе им биде обезбедено бесплатно сместување во засолништа, хуманитарна помош, храна и медицинска помош.

На 11 ноември, руските сили го напуштија Херсон, кој го контролираа од почетокот на март.