Бројот на загинати во руски ракетен напад врз станбената зграда во украинската област Доњецк се искачи на 24, а спасувачите сѐ уште трагаат по преживеани, соопштија денеска службите за итни случаи.
Loading...
Се наведува дека девет лица се спасени од урнатините на петкатната зграда во градот Хасив Јар во регионот на Доњецк, кој беше погоден доцна во саботата, објави Ројтерс.
Се додава дека се спасени шест лица, а се расчистени околу 137 тони урнатини.
Часив Јар се наоѓа на околу 20 километри југоисточно од градот Краматорск, кој се очекува да биде главна цел на руските сили додека напредуваат во западна Украина.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.