Украина нема способност да се спротивстави на руските воздушни бомби, особено поради недостатокот на ресурси за противвоздушна одбрана, изјави портпаролката на одбранбените сили на Украина „Југ“ Наталија Гумењук.
Loading...
„Тие (руските војници) разбираат дека немаме соодветни средства да одговориме на бомбардирањето, поточно, немаме доволно сили за воздушна одбрана. Освен тоа, немаме борбени авиони кои би можеле да ги уништат руските авиони што ги фрлаат тие бомби“, призна Гумењук во изјава за ТВ „Рада“, пренесува Спутник.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.