Украдени полициски планови за обезбедувањето на Олимпијадата во Париз

Сподели со своите пријатели

Од воз на железничката станица Гаре ду Норд во Париз е украдена торба со лаптоп и два УСБ-а, со полициски планови за обезбедување на Олимпијадата во Париз.

Loading...

Чантата му припаѓала на инженер вработен во париската градска управа.

56-годишникот ѝ објаснил на полицијата дека торбата ја ставил во багажниот простор над седиштето на возот во понеделникот наутро.

Исчезнувањето на вредната торба го открил кога поради доцнењето сакал да се префрли во друг воз.

Истрагата ја води сообраќајната полиција, на која инженерот потврдил дека во чантата ги носел работниот лаптоп и два УСБ-а со чувствителни податоци, односно планови за осигурување за Летните олимписки игри во Париз, од 26 јули до 11 август.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  На овие држави во минатото им било забрането учество на Олимпијада, на некои и денес

Париз ќе мобилизира околу 2.000 специјални агенти за обезбедување на Олимписките игри, со вкупно 35.000 припадници на безбедносните сили, кои ќе бидат на должност секој ден на Олимписките игри.