Украдена компјутерска опрема од градинка во Куманово

Сподели со своите пријатели

Непознат сторител ноќва со употреба на сила украл компјутерска опрема од просториите на кумановската градинка.

Loading...

– На 29.09.2021 во 07.40 часот во СВР Куманово било пријавено дека во детска градинка на улица „Страшко Симонов“ во Куманово непознат сторител со употреба на сила влегол и одзел компјутерска опрема, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски