22.02.2018 09:08

Укинати забраните за камиони на Стража и Маврово


Од утрово укинати се забраните за тешки товарни возила на планинските превои Стража и Маврово кои беа воведени поради интензивни врнежи од снег.

На планинскиот превој Стража сообраќајот е нормализиран од 07:15 часот, а на планинскиот превој Маврово од 07:50 часот.

На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива по влажни коловози. /МИА


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments