Укинати корона мерките во Северна Кореја

Сподели со своите пријатели

Обврската за носење заштитни маски и социјално растојание е укината во Северна Кореја, неколку дена откако лидерот на земјата Ким Џонг Ун прогласи победа над корона вирусот и три месеци откако Пјонгјанг за прв пат од почетокот на пандемијата призна дека вирусот се шири во земјава.

Loading...

За време на состанокот во врска со ситуацијата со Ковид-19, Ким нареди да се укинат повеќето епидемиолошки мерки воведени во мај, нагласувајќи дека „Северна Кореја мора да остане антиепидемиска бариера силна како челик“, пренесува Ројтерс.

На оние со респираторни симптоми им беше препорачано да продолжат да носат маски, а луѓето беа повикани да внимаваат на „ненормални работи“ кои Пјонгјанг ги наведе како причина за инфекциите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза

Северна Кореја претходно ја обвини Јужна Кореја за појава на коронавирус во земјата, која наводно испратила заразни пропагандни летоци преку границата, а сестрата на Ким, Ким Јо Јонг, најави „смртоносна одмазда“ за предизвикување на епидемијата.

Пјонгјанг никогаш не објави колку луѓе се заразени со корона вирусот.

Вкупниот број на заразени официјално е 4,77 милиони, но од крајот на минатиот месец не е потврден нов случај.