Нов скандал со безбедноста на податоците, во кој се погодени повеќе од половина милион корисници на социјалната мрежа Google+ ја потикна компанијата „Alphabet“, која инаку е сопственик на Гугл, Јутјуб и низа други апликации, конечно да донесе одлука за гаснење на својата платформа.
Претходно оваа недела откриено е дека податоците за приватните профили на повеќе од половина милион корисници се проследени до стотина надворешни програмери. Раководителите на Google вендша донеле одлука да ја затворат социјалната мрежа која веќе се соочуваше со проблеми и не успеваше да го привлече посакнуваниот број на корисници, а од компанијата издадоа ветување за засилување на протоколот за размена на податоци.
ОВА НЕ Е НОРМАЛНО: Што знаат Гугл и Фејсбук за секого од нас?

