Управата за јавни приходи од денеска започнува да доставува претпополнети годишни пријави на даночните обврзници за сите приходи кои ги оствариле во текот на 2018 година.
Loading...
Пријавите ќе се доставуваат електронски на корисничките профили што претходно ги имаат регистрирано даночните обврзници, а известување ќе биде испратено и на електронската пошта (мејл адреса) која корисникот ја навел во регистрацијата.
Претпополнетата даночна пријава, граѓаните ќе треба или да ја потврдат или да ја корегираат.
УЈП ваквите пријави ќе ги доставува најдоцна до 30 април, а граѓаните ќе можат да ги корегираат или потврдат најдоцна до 31 мај.