УХМР: За викенд, во северозападна Македонија се очекуваат 50 литри дожд

Сподели со своите пријатели

Претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат нешто поинтензивни во северните и источните делови, предвидуваат синоптичарите за четврток. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Т-мин. од 10 до 16 а т-макс. 14 до 19 степени.

Loading...

Во Скопје, Претежно облачно со повремен дожд и со слаб до умерен југоисточен ветер. Т-мин 14, т-макс 17 степени.

До крајот на продолжениот празничен викенд нашата земја ќе биде под влијание на серија од влажни воздушни бранови од Медитеранот.

Во петок ќе биде променливо со слаб локален дожд. Нови обилни врнежи ќе има во сабота, кога локално се очекува да наврнат околу 50л/м2, особено во западните и северните делови од земјата.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.