УХМР: Врнежите ќе ги зголемат водостоите

Сподели со своите пријатели

Во текот на денешниот ден и ноќта се најавуваат врнежи од дожд и снег кои според прогнозата на синоптичарите на некои места ќе бидат и пообилни така што локално се предвидуваат и над 30 l/m 2 . Но покрај тоа, се очекува да преовладува доста студено време, така што на повисоките места (а и на некои пониски) врнежите ќе бидат во вид на снег, со што би се забавило формирањето на истекувањето во горните делови од речните сливови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Меѓутоа, и покрај заладувањето на времето се очекува извесно зголемување на водостоите на реките особено во западните и јужните делови од земјата односно во сливнте подрачја на р.Треска, р.Црна, р.Голема (Ресенска) како и на водотеците кои доаѓаат од планинскиот масив Кожуф и реките во Гевгелиско-Валандовската котлина.

И покрај тоа што не се очекуваат поплавувања на реките, можни се високи водостои на реките во споменатите сливни подрачја, така што предупредуваме на внимателно движење покрај реките и суводолиците.

Фото: архива

Loading...

Leave a Reply