УХМР: Врнежи и грмежи во попладневните часови

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските подраќја е можна изолирана појава на краткотраен дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Куманово и околината денеска се очекува сончево време во претпладневните часови, а попладне заоблачување кое ќе донесе врнежи и грмежи. Ќе дува слаб ветер од северен, односно свероисточен правец. Максималната дневна температура ќе достигне 30 степени целзиусови. Во вечерните часови исто така е можна појава на врнежи и грмежи со максимална температура до 14 степени целзиусови.

Во изминатите 3-4 часа врнежи се забележани во сливовите на реките Кичевска, Треска во делот од Поречието, околината на планината Караѓица и сливот на Маркова Река и околината на Плачковица. Сателитски измерени врнежите се во рамки од 5 до 30 l/m2. Препорачуваме внимателно движење покрај водотеците и суводолиците во овие делови на РМ, велат од УХМР.

За време на викендот ќе биде претежно стабилно и топло, но во попладневните часови можна е изолирана појава на краткотраен дожд во планинските подрачја. Од понеделник попладне ќе настапи позначителна дестабилизација на временската состојба со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во вторник и во среда ќепродолжи да дува засилен северен ветер, проследен со поројни врнежи од дожд, а температурите ќе бидат значително пониски во однос на претходните денови.