УХМР: Услови за краткотраен дожд во североисточниот дел на Македонија

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, по котлините ќе има појава на магла, информираат од УХМР.

Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува, во североисточните делови од земјава има услови за краткотраен локален дожд. По одделни котлини ќе биде магливо.  Ќе дува слаб северозападен ветер, особено на повисоките места и на планините.

Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната дневна од 7 до 12 степени целзиусови.

Утринската температура измерена во Куманово утринава, според информациите на УХМР, изнесуваше 1 степен, а максималната дневна се очекува да достигне до 7-от степен.  Постојат и слаби услови за врнежи од дожд во кумановскиот крај проследени со слаб ветер. Во текот на ноќта температурата ќе се спушти 3 степени под нулата.

Сепак продолжува периодот на стабилно и суво време, по одделни котлини ќе има појава на магла. Дневната температура ќе биде релативно висика за овој периот од годината, особено високи дневни температури се очекуваат во текот на наредната недела, најавуваат од УХМР.