УХМР со најава за заладување и засилен ветер

Сподели со своите пријатели

Утре преку денот ќе се задржи сончево и натпросечно топло време за овој период од годината.

Loading...

Во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност.

Попладне поради продор на постудена воздушна маса облачноста ќе се зголеми и ќе започне да дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец, кој ќе продолжи да дува и во наредните два дена.

Од недела ќе има позначителен пад на температурите, така што дневните ќе опаднат за 7-10 степени во однос на утрешната, а утринските од почетокот на следната седмица на повеќе места ќе се спуштат под нулата, стои во временската најава на Управата за хидрометеоролошки работи.

Никола Ивановски

Leave a Reply